За нас

За нас

Нашата фирма е формирана во 1991 година, како мала компанија од областа на електротехниката, нудејќи услуги за проектирање на енергетски објекти и консултанстски услуги од областа на енергетиката.

Нашата посветеност

Ние сме посветени на извонредност во сè што работиме. Крајното задоволство на клиентите е она што нè води напред притоа нудејќи иновативни и прифатливи решенија, со сигурна, доверлива и висококвалитетна опрема. Даваме гаранции за секоја работа што ја работиме и нудиме бесплатни проверки на услуги и одржување.

Интегриран систем за управување со квалитет

При процесот на справување со кориснички прашања, проектирање на проекти и најважно во градежните работи кои ги извршуваме, нашата фирма ги применува системите за управување со квалитет, управување со заштита на животната средина и управување со здравје и безбедност на работа кои се засноваат на најновите меѓународни стандарди ISO 9001 : 2015 и ISO 14001 : 2015, OHSAS 18001: 2007, соодветно.

Нашиот тим

Горди сме да кажеме дека нашиот тим е составен од добро обучени, високо мотивирани и способни инженери, техничари и квалификувани работници кои со здружени сили работат кон исполнување на визијата на нашата компанија. Ние им нудиме можност да станат експерти во областа на електротехниката, подржувајќи го нивниот личен развој и напредок на нивното професионално искуство.

Нашата визија

...е ЕЛТЕК да стане водечка компанија во Македонија, во областа на енергетиката, електротехниката, далечинското управување и проектирање.

Нашата мисија

...е да обезбедиме највисок квалитет на услуги по најниски цени, претставени преку понуди на клиентите со прифатливи технички решенија и сигурна опрема.

Нашата култура

...се базира на подеднакви можности за вработување и силно го подржува професионалниот развој на кадарот. Сите наши вработени се мотивирани да ја испорачаат најквалитетната услуга и да ја користат интелектуалната моќ на сите членови на тимот за најдобро да ги задоволат потребите на клиентите. Ние сме посветени на извонредност.