Нашата фирма е формирана во 1991 година, како мала компанија од областа на електротехниката, нудејќи услуги за проектирање на енергетски објекти и консултанстски услуги од областа на енергетиката.
Ние изведуваме целосна изградба на нови како и реконструкција на постоечки трансформаторски станици од напонско ниво до 400 кВ, вклучувајќи севкупна електрична инсталација и пуштање во работа на примарна и секундарна опрема.
Ние изведуваме инсталција и тестирање на релејна заштита и автоматизација. Имаме искусен тим кој добро ги знае продуктите, можностите за проектирање и комуникациските решенија.
Изградба, ревитализација и одржување на високонапонски и среднонапонски преносни и дистрибутивни водови
Малите хидроелектрани (МХЕ) имаат инсталиран капацитет до 5 MW. Тие ја предаваат произведената електрична енергија директно во јавната дистрибутивна мрежа или претставуваат самостојни (островски) системи за производство на електрична енергија.